Реакција на Клиниката за очни болести: Препаратот се употребува по строги светски медицински протоколи

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Реакција на Клиниката за очни болести на тврдењата на СДСМ дека на болните им биле давани погрешни инјекции.

31072016155028_web_z-640x425

Соопштенето го пренесуваме во целост:

„ЈЗУУ КЛИНИКА за очни болести Скопје петти пат во последните пет дена е присилена да демантира невистини пласирани во јавноста од страна на една мала политичка партија во опозиција.

Имено, појаснуваме дека наведениот препарат се користи како анти ВГФ терапија кај заболувањата на ретина, пропратена со новоформирање на крвни садови кои ја оштетуваат ретината и видната функција на окото (за спречување на нивно формирање).

 За користење на препаратот во офталмологијата постојат повеќе од 1000 референци на светско ниво. На пример, во САД се користи од 2005 година, па потоа во сите држави од ЕУ и пошироко во светот. За употреба на препаратот и влијанието за зачувување на видот постојат над илјадници и илјадници стручни офталмолошки трудови признаени и применети во офталмолошката практика признаени од многубројните стручни симпозиуми и конгреси на европско и светско ниво.

По големата потреба и примени барања за лекување на пациентите во Република Македонија (кои до тој момент се лекуваа исклучиво во Приватни Здравствени Установи по многу високи пазарни цени) започнавме да ја имплементираме во нашата медицинска програма на товар на ФЗОМ на РМ од 2012 година.

Притоа, напоменуваме дека до ден денес во нашата клиника истиот се употребува по строги светски медицински протоколи и притоа немаме забележано негативна здравствена појава, ниту пак несакани последици по здравјето на нашите пациенти воопшто.“