Опозициската ВМРО ДПМНЕ, вечерва испрати реакција по интервјуто на премиерот, Зоран Заев дадено за „Само интервју“.
„Лага до лага, со раката на гради ноторниот лажго Зоран Заев повторно се колнеше и ветуваше брда и долини.
Додека денес во Македонија е најцрниот Ковид биланс со 50 починати наши сограѓани, Зоран Заев и Венко Филипче си направија турнеа низ Македонија возејќи се со хиликоптер. Ова нивно лудило ги чинеше граѓаните илјадници евра.
Додека денес леташе со хеликоптерот Зоран Заев вивнат во облаците смисли нови лаги, а најверојатно доби и инспирација за нови криминални работи.
Зоран Заев и Венко Филипче беа фатени во огромен криминал при набавката на кинеските вакцини. Целата јавност беше сведок како преку оваа набавка Заев и Филипче сакаа да украдат над 6 милиони евра преку провизии, на грбот на граѓаните
До денес во Македонија имаме 3860 починати од Ковид, нема ниту една набавена вакцина од власта, ама Заев и Филипче мислат на луксузирање и провизии. Сите му се криви на Заев за неуспехот при набавката на вакцини, само Филипче не е виновен.
Криминалот во Македонија е на највисоко ниво, а Заев ни денес не побара одговорност од Николоски, ниту ја осуди неговата постапка со одмарањето во Дубаи во сред епидемија.
Никој повеќе не му верува на Зоран Заев.
Граѓаните не очекуваат да слушнат дека Заев е разочаран од состојбата во Македонија, очекуваат одговрност и негова оставка за оваа апокалипса со Ковид кризата во државата3, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО ДПМНЕ.