Реал подготвен да му се заблагодари на еден од своите најверни играчи

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Реал Мадрид со нов договор сака да го задржи Начо Фернандез во својот тим.

Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот. Се разбира, тука е вклучена и повисока плата.

32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и постигна три гола. Тогаш „белите“ ја освоија титулата во Ла Лига и триумфираа во Лигата на шампионите.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а дел од првиот тим е веќе 11 години.