Реал поднесе тужба за расни навреди против Винисиус

од Симе Стоиков
255 прегледи

Фудбалскиот клуб Реал поднесе жалба до Јавното обвинителство на Шпанија за расни навреди кон Винисиус Јуниор кои се случиле во близина на Олимпискиот стадион Монжуик во Барселона.

Во соопштението на клубот се наведува дека се бара Обвинителството да побара од безбедносните сили постоечки снимки на двете локации за да се откријат сторителите на наведените навреди.

„Реал ги осудува овие насилни напади на расизам, дискриминација и омраза кои, за жал, се случија неколку пати против нашиот играч Винисиус Јуниор.

Нашиот клуб ќе продолжи да работи на одбрана на вредностите на фудбалот и спортот и ќе остане цврст во борбата за нулта толеранција наспроти ваквите одвратни епизоди што се случуваат во последно време“, се наведува во соопштението од „кралскиот клуб“

Слични содржини