Реал Сосиедад е во напредни преговори со Реал Мадрид за ангажирање на дефанзивецот Алваро Одриосола, пренесе Noticias de Gipuzcoa. Баскијците сакаат да го земат на позајмица и се чини дека ќе биде склучен договор пред затворањето на преодниот рок.
26-годишниот десен бек е дете на Реал Сосиедад и исто така сака да се врати во „Аноета“. Тој беше купен од Реал Мадрид во 2018 година за 32 милиони евра. Сепак, дефанзивецот никогаш не успеа да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“, откако беше испратен на позајмица во Баерн и Фиорентина.
Одриосола остави доста добар впечаток со својот настап за Фиорентина минатата сезона. „Виолетовите“ дури сакаа да го задржат трајно, но не успеаја да се договорат со газдите на Реал.
Сега десниот бек се чини дека ќе се врати во Реал Сосиедад. Договорот ќе биде за едногодишен закуп, а се очекува да биде вклучена и откупна клаузула.