Ребел Вилсон стана мајка, ја објави ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА од бебето

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Актерката Ребел Вилсон пред неколку дена беше во центарот на вниманието кога се шпекулираше дека таа и нејзината девојка Рамона Аргума се вериле.

Ребел ги демантираше овие наводи на Инстаграм, но не крие дека би сакала такво нешто да се случи во иднина.

Меѓутоа, она што изненади многумина е нејзината објава дека станала мајка и дека ја добила ќерката Ројс Лилијан.

„Горда сум што можам да им објавам на сите дека моето прво дете, ќерката Ројс Лилијан, се роди минатата недела со помош на сурогат мајка. Љубовта што ја чувствувам кон неа не се опишува со зборови. Какво чудо е ова, прекрасно! Благодарна сум на сите вклучени во приказнава (знаете кои сте), ова е планирано со години… Но најголемата благодарност до мојата сурогат, која ја носеше и роди со толку нежност. Ти благодарам што ми помогна да основам семејство. Ова е подарок над сите подароци. Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројс сета љубов што можам. Брзо учам. Голема почит до сите мајки, ширум светот. Горда сум што се приклучувам на клубот“, напиша актерката на Инстаграм со фотографија од бебето.

Слични содржини