РЕБРЕНДИРАЊЕ Facebook го освежи своето лого, можете ли да ги забележите промените?

Заштитниот знак на најголемата социјална мрежа во светот помина низ уште една во низата едвај забележливи промени

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Пред неколку месеци, X (тогаш уште познат како Twitter) помина низ значајно ребрендирање, при што го сменија името, логото и се што е поврзано со него.

Дури и познатата птица Larry, која долго време беше препознатлив заштитен знак на социјалната мрежа, беше отстранета.

Тоа беше едно од главните ребрендирања на голема технолошка компанија во последните неколку години. Промени од ваков вид се направени и на Facebook, иако тие не се ни приближно амбициозни како на компанијата на Елон Маск.

Тие речиси незабележливо го освежија логото, што веројатно им побегна на повеќето корисници, но не и на неколку остри очи.

Која е разликата, прашувате? Па, малку ја сменија малата ф и ставија потемна нијанса на сина во позадина. И тоа е тоа. Фонтот е сеуште Facebook Sans, се останато останува исто.

Во Meta Platforms, пак, сметаат дека ова е значајна промена, доволно голема за да ја информира јавноста за тоа. Тие сметаат дека нивното лого сега е „похрабро, поелектрично и вечно“.

Тие, исто така, објавија дека ја надградиле палетата на бои во апликацијата Facebook за да „донесат поголема димензија и емоции на реакциите“.

Слични содржини