Состојки:
200 г ф’стаци
100 г ореви
170 г суво овошје по ваш избор
1-2 лажички цимет
125 г маргарин
1 пакет кори за баклава
За сируп:
2 чајни чаши шеќер
3 чајни чаши вода
2 пакетчиња ванила во прав
Подготовка:
Сушеното овошје се сече на мали парчиња и се става во сад, а кон него се додаваат мелени јатки и цимет. Пакувањето со корите треба да се подели на две или три еднакви делови, во зависност дали сакате еден слој баклава или два. Во тава за печење ставете една кора инамачкајте со стопен маргарин.
Врз неа ставете втора кора и неа исто намачкајте со масло. Така сите кори меѓу треба да бидат намачкани. Ако сте го разделиле пакувањето со корите на два еднакви дела, откако сте ги подредиле и намачкалеполовина од нив може да дистрибуирате рамномерно од овошјето и јатките.
Потоа завршете со остатокот од корите, а притоа повторно премачкувајте ја секоја од корите со стопен маргарин пред да ја ставите следната. Конечно исечете ја баклавата на квадрати или ромбоиди, а во средината на секое парченце направете со нож по еден мал засек / отвор.
Така корите ќе се испечат рамномерно, а потоа сирупот ќе ги напои подобро. Баклавата се пече во загреана рерна на 180 степени до мирување. Топлата баклава треба да се поплави со изладен шеќерен сируп.