РЕЦЕПТ: Целувки со шлаг

од desk4
741 прегледи

celuvkii-11-da89af-800x378

3 јајца

170 гр шеќер во прав

1 ванила шеќер

2 лажици нишесте (густин)

1 лажица лимон

за филот

1 пакување шлаг крем

200 мл млеко

Начин на подготовка:

1. Ги издвојувате белките од жолчите.
2. Во еден сад ги ставате белките и матите со миксерот се додека не добиете пенеста смеса, ги додавате шеќерот во прав и ванилата и повторно матите со миксерот.
3. Потоа во истата смеса ги додавате нишестето и лимонот и повторно матите.
4. Земате еден плех го обложувате со хартија за печење и со лажица црпите од смесата и формирате кругови.
5. Во друг плех истото така ставате хартија за печење и земате шприц со ребрест отвор го полните со смесата и формирате пувки. Треба да формирате онолку колку што сте формирале кругови во претходниот плех.
6. Двата плеха ги ставате во рерна да се печат на темп. од 150 степени околу 90 мин.,се додека добро не се исушат. Може да ги проверувате со чачкалица дали се готови.
7. Додека се печат може да го подготвите шлаг кремот за филување. Во сад ставате 200 мл млеко, едно пакување шлаг крем и матите со миксер се додека не се добие густа смеса.
8. Откако се испекле целувките ги оставате околу 5 минути да се оладат.
9. Земате лажица или шприц и ставате од шлаг кремот врз округлите целувки. Потоа земате целувка во вид на пувка и редите одозгора врз филот. Постапката ја повторувате се додека имате целувки.

Извор: Моирецепти.мк