[РЕЦЕПТ] Десерт со пишкоти, коњак и маскарпоне

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Производи:
120 г пишкоти, меки или тврди
200 мл кафе
30 мл коњак или ликер со вкус на кафе, бадем
1 чоколадо по ваш избор
3 лажици шеќер во прав
225 г маскарпоне
3  ванили во прав3d6a58241d871a75c5b92d182223d855

Подготовка:
Подгответе го кафето и оставете го да се излади. Кон него додадете ликер/коњак. Во сад измешајте маскарпоне со шеќер во прав и ванила. Одделно во водена бања растопете чоколадо.

Во чинии или соодветни чаши за сервирање на десертот, ставете само малку од смесата со маскарпоне и подредете ги пишкотите.

Прелијте ги со кафето, потоа со малку растопено чоколадо и на крај завршете повторно со маскарпоне. Украсете десертот со чоколадо, свежо овошје, ореви или кафе.

Фото: iStock