[РЕЦЕПТ] Домашни бомбици „Рафаело“

од Vladimir Zorba
4,K прегледи

Производи:
400 мл кондензирано млеко
200 гр кокос
4 лажици шеќер
60 г путер
1 ванила
50 г сирови излупени бадеми603dd4d4787a1194d1f3f63ee897c409

Подготовка:
Во мало тенџере со нелеплив слој ставете ги млекото, маслото, шеќерот и ванилата. Откако смесата ќе се загрее добро може да додадете кокос. Мешајте постојано додека се згусне. Потоа тргнете од огнот и оставете да се излади.

Од добиената смеса се прават топчиња, а во секое се става по еден мал излупен бадем. Бонбоните се валкаат во кокосови струготини и се оставаат во фрижидер за час-два.