за супата
1 лажица маслец
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук, мелено или рендано
1 кромид, исечен на коцки
3 моркова, излупени и исецкани
2 лажици доматно пире
3 конзерви цели домати
1 коцка пилешки бујон
1 чаша вода
½ чаша готварски крем
Сол и бибер по вкус
2 лажици мелен свеж магдонос
2 лажици свежо исечен босилок
за крутоните
½ Интегрален багет исечкан на кругови
½ чаша свежо рендан пармезан
Свеж босилек за декорација
Начин на приготвување:
Во голем сад одмрзнете малку маслец со маслиново масло на средно висока температура.

Изрендајте малку лук над топлото масло.

Измешајте исечени моркови и кромид и додадете на маслото.

Промешајте со дрвена шпатула и држете на оган околу 5 минути додека не почне да омекнува.

За да го засилите доматниот вкус, додадете малку доматна паста. Промешајте и оставете неколку минути на оган.

Кон смесата додадете една чаша вода и пилешка супа. Не заборавајте да зачините со малку сол и црн пипер.

Кон добиената смеса додадете ги и трите конзерви со цели домати. Измешајте добро и почекајте да зоврие, потоа намалете ја температурата. Покријте го садот и оставете на тивок оган 15-20 минути.
Додека супа врие на шпоретот, вие се занимавате со крутоните.

Пресечете го багетот на кругови и секое едно од нив покријте го со малку маслиново масло.

Изрендајте пармезан и направете одделни парченца врз тава со нелеплива површина.

Ставете ги лебчињата врз пармезан.

Откако пармезанот ќе почне да се топи, свртетете ги парченцата на другата страна.

Кога супата е подготвена, можете да користите блендер, за да бидете сигурни дека нема да има малку поголеми парчиња.

Додадете крем за готвење за ублажување вкусот и да додадете густина на супата.

Промешајте и оставете за уште неколку минути на плочата.

Послужете со малку босилек.
