[РЕЦЕПТ] Германска топла компир салата

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Производи:
4 големи компири
4 парчиња пушена сланина
1 лажичка брашно
2 лажички шеќер
1/3 чаша вода
¼ чаша бел оцет
½ чаша сецкан свеж кромид
сол и бибер по вкусfe90876d34e2ee7374561ace77a8608e

Подготовка:
Загрејте посолена вода. Додадете ги компирите. Варете додека омекнат или околу 15 минути. Изладете и исецкајте.
Ставете сланина во длабока тава. Пржете на средна топлина, додека добие светла боја. Ставете врз кујнска хартија за да се исцеди маслото. Зачувајте ја маснотијата од сланината, собрана во тавата.
Откако сте ја извадиле сланината и сте ја оставиле настрана, додадете го маслото од неа во тавата со брашното, шеќерот, водата, оцетот и гответе мешајќи на средна температура. Нека сосот се згусне.
Кон него додадете  го компирот, сланина, кромид и мешајте за да се покрие целото јадење со сосот. Додајте сол и црн пипер. Послужете топло.