[РЕЦЕПТ] Италијански ресторан во домот: Фетучини карбонара

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Ја сакаме италијанската кујна, впрочем затоа што се смета и за најздрава, но не секогаш е исплатливо да ја консумираме во ресторан.

Колку и да ви изгледаат сложени некои рецепти, верувајте дека тие не се навистина тешки за подготовка.

Ви нудиме еден предлог рецепт за вашиот неделен ручек, кој ем ќе биде покорисен приготвен со проверени состојки од вас, ем многу поисплатлив за целото семејство.4f96c1630cd786925ffbcc8e6e3d10fa

Потребни производи:
1 пакетче фетучини
8 големи парчиња пушена сланина
4 јајца
½ чаша рендан пармезан
1 и ¼ чаша крем
Црн пипер по вкус

Подготовка:
Во голем сад со малку посолена вода ставете ги фетучините. Оставете ги да вријат околу 8 минути. Откако се подготвени – исцедете.

Исечкајте ја сланината на ситни парчиња и ставете ја на умерен оган додека стане малку крцкава. Извадете и ставете на кујнска хартија да се исцеди.

Изматете јајца, пармезан и павлака во сад, а потоа додадете и сланина.

Ставете ги фетучините во тавата, промешајте малку, а потоа додадете ја и смесата со јајца. Оставете да се зготват околу 1-2 минути додека да се згусне малку.

Важно е да не дозволувате јајцата да се зготват премногу и да се добијат партали. Зачинете со сол и црн пипер и сервирајте. По избор посипете малку свеж магдонос или коријандер.