Состојки:
5 лажици масло
1 кг јагнешко месо
1 голема главица кромид
5 лукчиња
1 лажичка црн пипер
5 големи излупени домати
1/2 чаша сушени кајсии
1/2 чаша сливи
магдонос за попрскување
сол и црн пипер за овкусување на месото и дополнително за овкусување на јадењето
Подготовка:
Во длабока тава загрејте добро масло и ставете го месото исечено на мали парчиња и зачинете го со сол и црн пипер. Испржете го добро од сите страни, додека се формира кафеава коричка.
Потоа извадете го во чинија. Во истите масти ставете исечени кромид и лук.
Откако ќе омекнат додадете ги црвениот пипер, кајсиите, сливите, исечени домати и 4 чаши вода или супа. Оставете да зоврие и намалете го шпоретот. Додадете го јагнешкото и гответе на тивок оган додека сосот се згусне. Конечно зачинете со свеж магдонос. Служете го јадењето со гарнир од кускус или чорба ориз.