Потребни производи:
500 г компири, исечени на половинки или четвртинки
3 црвени компири, исечени
¼ лажичка канола масло
3 лажици бел оцет
1 лажица сенф
½ лажичка Дижон сенф
¼ лажичка црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја решетката на висока температура. Претходно на шпоретот во загреана посолена вода, сварете го компирот околу 10-15 минути, додека малку не омекне. Потоа наредете го врз фолија за печење, послана врз решетката. Печете додека потемни. Отстранете го од огнот и оладете го.
Измешајте ги сите зачини, за да се добие нешто како сос. Промешајте го компирот со сосот и сервирајте како салата или гарнир.