Потребни производи:
1 кг боранија
2 и 1/2 лажица сол
1 лажица оцет на литар вода
500 мл вода
Подготовка:
Отстранете ги рабовите и конците на боранијата, измијте и исцедете. Ставете ги во тегли и додадете маринадата која сте ја направиле од зовриената вода, оцет (1 суп. лажица на литар) и солта (околу 2 и 1/2 суп. лаж. на литар).
Ставете ги капаците, завиткајте ги теглите во крпа, за да не се скршат, па подредете ги во голем сад, дотурете вода и оставете да зоврие. Варете на тивок оган 20 минути. Оставете теглите да се изладат во зовриената вода и проверете дали се добро затворени. Чување на суво и ладно место.