[РЕЦЕПТ] Крцкав свински ролат

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Производи:
800 г свинско филе
За филот:
4 тврдо варени јајца
200 г сланина
100 г кашкавал
100 г кисели краставички
За премачкување:
брашно
јајца и презлаfca09b8a48b68adbd34243e0dd517c07

Подготовка:
Месото се сече на еднакви парчиња, се удира малку и се додава сол и црн пипер. Сланината се сече на коцки и заедно со исечените краставички се пропржува на неколку минути во тава. Потоа се става во сад и во него се додаваат останатите исечени производи.

Од филот се става во секое парче месо, кое потоа се врти стегнато на ролна. Ролните се мачкаат со брашно, потоа во јајце и презла. Се пржи во силно загреана тава. Послужете со гарнир по желба.