Ако сте љубители на колачи со вкус на лимон, нашиот рецепт ќе ви се допадне многу, бидејќи е лесен, брз и доста погоден за летната сезона.
Освен тоа од него излегуваат 20 парчиња, што значи дека можете да го приготвите и за повеќе гости.
Во големите горештини човек нема желба да јаде тешки колачи и чоколадни производи, а се чинидека повеќето од нас се обложуваат на сладолед или кремови на база на јогурт и овошје.
Токму затоа, овој сочен колач е добра алтернатива како вид летно слатко искушение.
Потребни производи:
За тестото ќе ви требаат: 2 чаши брашно; 1/2 чаша шеќер; 1/4 лажичка сол; 220 г путер, кој се сече на мали коцки. За фил ви требаат: 1-1 / 2 чаша шеќер; 1/4 чаша брашно; 4 големи јајца; сокот и кората (рендана) од 4 средни лимона, шеќер во прав за одозгора.
Начин на приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го садот со големина 20×30 см со стопен путер.

Промешајте ги заедно брашното, шеќерот и солта во сад. Додадете го полека масло во сад и измешајте го сето убаво со прибор или со раце додека смесата не почне да изгледа како фини трошки.

Потоа расплескајте ја смесата во подготвената тава и печете ја во рерна додека не стане златестокафеава по рабовите (околу 20 минути).

Во меѓувреме направете фил мешајќи го шеќерот, а потоа додадете ги и јајцата.

Конечно додадете рендана кора од лимон, како и сок од лимон и добро промешајте. Истурете го филот врз препечената кора и печете уште околу 20 минути.

Кога ќе го извадите готовиот колач од рерната, оставете го во фрижидер за минимум 2 часа, по што ќе го посипете со шеќер во прав и исечете на квадрати.
