[РЕЦЕПТ] Лесна пита со капини

од Vladimir Zorba
920 прегледи

Состојки:
За тестото:
2 и ½ чаши брашно
125 г путер, ладен
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
6 до 8 лажички ледена вода
За филот:
¼ чаша брашно
6 чаши свежи капини (или боровинки), може и замрзнати
½ лажичка лимонска киселина
1 лажица лимонова кора, рендан
½ чаша шеќер
¼ лажичка цимет
2 лажици масло, омекнато на собна температура
Состојки за премачкување:
1 јајце
1 лажица млеко7b36b9ac76ad76fddc74197a91b0452a

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за тестото. Поделете го на две топки. Расукајте кора од едната топка, дебела околу половина сантиметар.Раширете ја во намачкана и набрашнета тави и соберете го вишокот тесто. Оставете во фрижидер за околу половина час да се излади.
Внимателно измешајте капини, шеќер, брашно, циметот, лимоновата кора и сок од лимон во голем сад. Измешајте добро и ставете ја смесата врз изладената кора. Другата кора расукајте ја внимателно.
Покријте ја суровата пита со втората кора. Намачкајте со матено јајце и млеко, кои претходно сте ги промешале добро. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.

Време за подготовка : 1 час и 30 минути