Производи:
1 и ½ килограми пилешки гради, варени, исечени е и оладени
1 портокал, сецкан
100 г ананас, сецкан
½ чаша мелени ореви
1/2 краставица
1 чаша мајонез
2 лажички сув копар
2 лажички шеќер
Подготовка:
Во голем сад измешајте го пилешкото, краставица, портокали, ананас и оревите. Во друга чинија направете дресинг од мајонезот, копар и шеќер. Измешајте ги добро и додадете ги во смесата со пилешкото.
Промешајте ја салатата и оставете да отстои една ноќ во фрижидер. Така мирисите ќе се спојат најдобро.
