Состојки:
2 парчиња лосос
парче маслец
За маринадата:
1 лажица маслиново масло или маслец
1 лажица мед
1 лажица соја сос
1 лажица сенф
1 чешне лук, ситно исечкано
Подготовка:
Ставете ги во чинија рибните парчиња со кожата надолу. Откако ќе ја направите маринадата ставете обилно количество од неа врз секое парче. Покријте ја рибата со фолија и оставете ја за околу 20-30 минути во фрижидер.
Во тава (може и грил) загрејте мало парче путер и пржете ја рибата од двете страни. Послужете се со гарнир по ваш избор.