Потребни состојки:ac7e41d8a6e9244ae6eaa037209b8e57

За мафините:

½ чаша маслец

½ чаша шеќер

1 големо јајце

3-5 капки црвена боја за храна (ако сакате мафините да станат розови)

1 чаша и 1 лажица брашно

1 лажичка прашок за пециво

¼ лажичка сода бикарбона

малку сол

½ чаша млеко

½ чаша ситно сечкани јагоди

За прелив од јагоди:

½ чаша масло

½ чаша сецкани јагоди

Начин на приготвување:

Оставете го маслецот на собна температура за 30-40 минути, за да омекне и додадете шеќер.

Користете миксер за да се измеша, додека не добиете мека смеса.

Не заборавајте да собирате од страните на садот од време на време со дрвена шпатула, за да не останат згрутчени делови.

Додадете едно јајце и повторно добро промешајте додека не сте сигурни дека смесата е изедначена.

Бидејќи мафините со јагога обично се поврзуваат со розова боја, ќе треба да ги обоиме. Колку и голема количина на плодот да додадеме, крајниот резултат тешко може да биде толку заситена боја колку што сакаме. Од оваа причина, додаваме помеѓу 3 и 5 капки од боја, во зависност колку светли ги сакаме.

Откако смесата од путер, шеќер и јајце веќе ја добила посакуваната нијанса, додадете брашно, сода бикарбона, прашок за пециво и солта во садот.

Малку по малку мешајте и додавајте млеко. Промешајте добро, додека не добиете густа смеса.

Користете ја дрвената шпатула за да ја проверувате густината на хомогената смеса.

Исечете ги на мали парчиња јагодите. Еден трик – посипете го со една лажица брашно овошјето, бидејќи на тој начин нема да потоне до дното на садот.

Додаде кон смесата и мешајте. Веќе можете да го користите лажица за да се обликуваат одделните мафини.

Ставете ги во претходно подготвена форма со малку масло по краевите, за да не се залепат и да се одделат лесно по печењето. Ставете во загреана рерна.

Додека мафините се печат, можете да подготвите фил од јагода. Измешајте ги јагодите со путер  добро.

Додека мафините се уште топли, намачкајте ги еден по еден со мала количина од јагодовиот прелив.