Рецепт на денот: Оброк салата со портокали и пилешко

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Состојки:

(за 3 лица)

– 500-600 гр пилешко бело месо

– 2 портокали

– 1 морков

– 1 тиквичка

– 1 зелена салата

– балсамико оцет

– мешавина од зачини, по желба

– 2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Белото месо исечкајте го на коцки, посолете малку и измешајте го во мешавина од зачини: морска сол, лук, црвен пипер, црн пипер, куркума, рузмарин, морско оревче, жалфија, целер и црвен пипер.

Пржете на силен оган, покријте со многу малку вода и динстајте поклопено 15 минути.

Тиквичките исечкајте ги на кришки и испржете ги во тава со многу малку маслиново масло за да останат крцкави. Портокалите исечкајте ги на парчиња, свежите моркови изрендајте ги на поголеми парчиња.

Исечете ја салатата, додадете го пилешкото, моркови и сите други состојки, а потоа зачинете со балсамико оцет и маслиново масло.

По желба посипете со семки од тиква и послужете.

Слични содржини