Производи:
2-3 лукчиња
1/2 лажичка ѓумбир
140 г густ јогурт
лажица маслиново масло
1 лажичка гарам маса (микс од зачинети зачини)
1/2 лажичка црвен пипер
1/2 лажичка куркума
500 г пилешки гради
сол, бибер по вкус
1-2 црвени пиперки
Подготовка:
Во сад измешајте ги јогуртот, ренданиот лук и ѓумбир, маслиновото масло, куркума, црвениот пипер, гарам масата, солта и црниот пипер. Измешајте ја добро смесата, исечете го месото на коцки како за ражничи и ставете го во сад.
Убаво промешајте, па секој малку да се покрие со маринадата. Покријте ги со фолија и оставете во фрижидер за половина час. Во тоа време во вода натопете ги на неколку минути ражничите, за да не се запече нечистотијата на тавата или решетката.
Исечете ги пиперките на парчиња и кога месото ќе се измаринира, подредете ги на стапчињата, со алтернација месо, пиперка. За да се испече добро месото не ставајте повеќе од 3 парчиња на раженот. Загрејте ја добро тавата или скарата и ставете ги ражничите. На секои 2-3 минутипревртувајте ги , за да се изпечат рамномерно.
По вкус покрај пиперката може да се додаде и друг зеленчук како кромид, тиквичка, модар патлиџан и сл.