Состојки:
8 големи јајца
2 лажички маслиново масло
1 глава црвен кромид, сецкан
2 чаши брокула, варени
¼ лажичка сол
црн пипер
½ чаша рендан кашкавал
Подготовка:
Одвојте 4 од јајцата. Поделете ги жолчките од белките. Кон белките додадете ги другите 4 цели јајца и 2 лажици вода. Мешајте добро, додека не се добие хомогена смеса.
Во тава со нелеплива облога загрејте масло на умерен оган. Пржете го кромидот за околу 5 минути. Потоа и брокулите за уште 2 минути. Зачинете со сол и бибер. Истурете ја смесата со јајцата врз зеленчукот, за да се покрие рамномерно. Намалете на топлина и покријте. Нека се пржи околу 8 минути.
Непосредно пред да биде готово, додадете и кашкавал и оставете да се растопи.
Фото: istock