[РЕЦЕПТ] Пилешко на аргентински начин

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Состојки:
500 г пилешки гради без коска
1 голема главица кромид, исечкана
300 г кашкавал, рендан
150 г мајонез
сол
црн пипер
бел пипер12439a9a3b5f00874ffe112d4c3ebe5d

Подготовка:
Во сад за печење (најдобро од огноотпорно стакло со капак) ставете ги пилешките гради. Врз нив подредете ги исечениот на тркалца кромид. Зачинете со двата вида пипер и сол. Потоа обилно посипете со сирење. Нанесете густ слој мајонез кој ќе го разнесете рамномерно. Покријте со капак и печете во загреана на 200 степени печка за 30 минути.