[РЕЦЕПТ] Пилешко со кашкавал врз канапеи од брокула

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Состојки:
500 г сечкана брокула
1 и ½ чаши коцки варено пилешко месо од гради
1 чаша пилешки бујон, растворен
1/3 чаша млеко
½ чаша рендан кашкавал
1 лажица масло, стопено
2 лажици лебни трошки (или крупни трошки)c3281915a19456ba5b83a647f646667d

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Во меѓувреме сварете ги брокулите и пилешкото месо во одделни садови. Исечете го месото на коцки, а брокулите исечете ги на розички, ако се цели.

Откако брокулите се подготвени исцедете ги добро од водата. Ставете ги во тава за печење. Наредете го одозгора врз нив пилешкото месо.

Во одделен сад измешајте ја супата и млекото. Истурете врз пилето и брокулите. Посипете богато со кашкавал. Измешајте стопен путер со лебните трошки (или крупни трошки) и добро промешајте. Посипете ја смесата со кашкавал. Печете во загреана рерна околу 15 минути или додека фати коричка.