[РЕЦЕПТ] Пита со киви

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Ако во моментов не сте на диета и не ви пречи да се разгалите со домашно приготвен вкусен десерт, тогаш сегашниот рецепт можеби ќе ве заинтригира.

Една од главните состојки во него се кивите, поради што можете да бидете сигурни дека “нема слаткиот вкус да ви дојде тежок”. Не грижете се, сепак – питата е доволна за 12 парчиња, така што ќе има за сите!35f71c8ebb21c823f6f08e39243102fe

Еве и со што треба да се снабдите за колачот со киви:

– 15 големи интегрални бисквити;

– ½ чаша ореви или друг вид јатки по избор;

– 1/3 чаша шеќер;

– 1/3 чаша масло – стопено;

– Едно пакување течна павлака за десерти;

– 2 жолчки;

– ½ чаша сок од лимон;

– 1 лажица рендана кора од лимон;

– 6 киви – излупени и исечени;

– Крем за сервирање;

– Дополнителни парчиња киви – за сервирање;

– Дополнителни ореви – за сервирање.

Начин на приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги во блендер бисквитите и снегулките и измешајте. Додадете шеќер и повторно измешајте за кратко. Додадете од стопениот путер, додека трошките не се навлажнат. Смесата сипете  ја во сад за пита, израмнете ја одозгора и ставете ја за 5 минути во рерната.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Потоа комбинирајте ја течната павлака, белката од јајце и сокот од лимон во сад. Изматете со миксер додека не се добие хомогена смеса (2-3 минути). Истурете ја готовата смеса во сад и печете уште 15 минути.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Кога ќе завршите со печењето, оставете го колачот да се излади. Потоа ставете го во фрижидер за минимум еден час (повеќе ако е можно). Конечно наредете парчиња киви, а потоа ставете слој од крем, а одозгора декорирајте со помали парчиња киви. Завршете со мелени ореви.

Фото: thepioneerwoman.com