Состојки:
4 јајца
7 лажици брашно
1/3 лажичка сода бикарбона
200 грама јогурт
1 лажица мајонез
За филот:
6 варени јајца
2-3 врски млад кромид
сол по желба и вкус
Подготовка:
Во сад измешајте ги јајцата, заедно со мајонезот и јогуртот. Измешајте добро и потоа додадете брашно во кое претходно сте ставиле сода бикарбона. Во одделен сад ставете исечен кромид, заедно со исечени варени јајца.
Во подмачкана тава за печење истурете половина од тестото, потоа ставете фил и конечно остатокот од смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени.