[РЕЦЕПТ] Полнета патка со јаболка, целер и лук

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Производи:
1 цела патка
1 лажичка зачин за пилешко
½ лажица масло
3 лажици кромид, сецкан
5 стапчиња целер, исечен
3 чаши јаболка, излупени и исечени
3 чаши трошки од пченкарен леб
1 лажица маслиново масло
сол и бибер по вкус810098e7cccc4b283fd14963c86679ac

Подготовка:
Исплакнете и исушете ја патката. Зачинете ја со сол и бибер, како и со зачин за пилешко.

Се топи путерот во тава на умерен оган. Запржете ги кромидот и целерот во маслото, додека омекнат. Во просечен голем сад измешајте ги јаболката и пченкарните трошки. Измешајте го сето заедно. Доколку е потребно додадете малку топла вода за да омекнат трошките.

Наполнете патка со добиената смеса. На крај сошијте го грлото на патката или стомакот во зависност од тоа кој дел сте го наполниле. Намачкајте ја патката со маслиново масло. Ставете ја во плитка тава за печење, измачкана однапред.
Печете во загреана рерна околу час и половина или додека да добие златестокаефава коричка.

Фото: iStock

Слични содржини