[РЕЦЕПТ] Полнети модри патлиџани со кускус

од Vladimir Zorba
825 прегледи

Потребни производи:
4 модри патлиџани
200 г кускус
300 г сирење
300 г сушени домати во маслиново масло
2 лажици песто
сол, црн пипер
300 г кашкавал
50 мл масло
За сос:
1 мала конзерва домати
4 домати
1 кромид
5 лукчиња
шеќер

8d59ce585ebd3aec7d69f281d9bc736a

Подготовка:
Модриот патлиџан се сече надолжно и се оставаат за околу 30 минути, да се извади горчината. Се зачинуваат се со сол и црн пипер и се запекуваат на 200 степени, додека омекнат и фатат кафеава коричка.

Кога се испечени се длаби внатрешноста и става во тава заедно со другиот сецкан зеленчук и се задушува добро. Се вари во кеса кускусот. Го додаваме заедно со сирење кон зеленчукот кој е веќе добро омекнат и подготвуваме уште 5 минути.

Се полнат модрие патлиџани, се става рендан кашкавал и запечува. Додека се пече во тава со малку масти, се додаваат состојките за сос. По желба може да додадете и 1-2 лажици песто. Сервираме модар патлиџан  со сос од домати.