[РЕЦЕПТ] Полнети печурки со сланина, кромид и плаво сирење

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Потребни производи:
3 ленти сланина, пушена
6 парчиња големи печурки (шампињони)
1 лажица масло
½ кромид, исечен на коцки
1 чешне лук, сецкано
100 г крем сирење
100 г плаво сирење
1/3 чаша трошки од лебb53854135853015ba74a5a949e1f12a6

Подготовка:
Запржете ја сланината на загреано масло на умерен оган додека стане крцкава. Исцедете врз кујнска хартија.
Во ова време извадите ги дршките и измијте ги печурките.

Кон сланината додадете путер. Кога ќе се стопи додадете кромид, лук, стеблата на печурките. Гответе мешајќи постојано. Кромидот ќе се карамелизира за околу 15-20 минути.

Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте мала тава за печење со спреј за готвење.

Откако смесата од тавата ќе е оладена испасирајте ја во блендер или  кон неа додадете го крем сирењето, синото сирење и лебот. Пополнете ги чадорчињата на печурките со оваа смеса.
Наредете ги во подготвената тава и печете околу 15 минути.