
Потребни производи:
2 големи тиквички, исечени на половинки
¼ чаша маслиново масло
6 чешниња лук, сецкан
1 кромид ситно
500 г ракчиња, се сечат на половина
1 голем домат, излупен и исечен на мали парчиња
8 парчиња печурки, исечени на четвртинки
¼ чаша свеж босилек
Црн пипер
Сол
¼ чаша рендан пармезан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Намачкајте една тава со малку масло и оставете ја настрана. Исечете ги тиквичките на половини по должина. Извадете им ја срцевината . Намачкајте ги со маслиново масло. Ставете ги во садот врз послана кујнска хартија во него.
Печете околу 5 до 10 минути, за да се ослободи дел од влагата во нив. Намалете ја рерната на 200 степени. На шпоретот загрејте 2 лажици маслиново масло во тава на средна температура. Пржете ги ракчињата, коцките домати, печурки, половина од пармезанот, босилек, лукот и кромидот. Измешајте добро, за да се карамелизира малку. Зачинете со зачини.
Наполнете ја смесата во тиквичките. Посипете со уште малку пармезан. Печете во загреана рерна околу 20 минути додека фати коричка.