6,6K
Потребни производи:
3 модри патлиџани
3-4 домати
200 г сирење или кашкавал
3-4 лукчиња
сол, црн пипер
Подготовка:
Исечете модар патлиџан на тркалца со дебелина од околу 1 см и посолете ги. Оставете ги за 30 минути, за да се извади горчината, исплакнете ги со вода и исушете со кујнска хартија. Исечете ги доматите на кругови, а лукот истријте го со помош на преса.
Наредете ги кругчињата модар патлиџан во тава со нелеплив слој. На секое ставете малку од лукот, потоа кругче домат. Зачинете со сол и црн пипер и рендан кашкавал или сирење.
Ставете во загреана рерна на 180 степени.