[РЕЦЕПТ] Потпечено пилешко со брокула и кашкавал

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Состојки:
1 кг пилешки гради
1 и 1/3 чаши вода
500 мл пилешки бујон
1 чаша мајонез
1 чаша рендан кашкавал
1 лажичка сок од лимон
½ лажичка кари
1/8 лажичка црн пипер
500 г брокула, се сече на розички
1 лажица путер, стопен
1 и ¼ чаши лебни трошки476d7e0a006b6d1d5ed28ed4de938325

Подготовка:
Ставете го пилешкото во голема тава заедно со водата. Нека се свари, потоа намалете го шпоретот. Покријте со капак и оставете 20 минути. Месото треба да порозовее. Потоа исцедете ја водата и исечете го пилето на парченца.  За да направите сос измешајте супа, мајонез, ¼ од лебните трошки, половина од кашкавалот, сок од лимон, кари и црниот пипер.

Во сад за печење ставете го пилешкото, брокулите и половина од добиениот сос.  Останатиот кашкавал измешајте го со остатокот лебни трошки и стопениот путер. Распрснете го на другите производи во садот. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Фото: iStock