[РЕЦЕПТ] Пригответе си домашен мексикански пржен ориз

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Потребни производи:
3 лажици масло / маслиново масло
1 чаша долгозрнест ориз
1 лажичка лук (сушен)
½ лажичка ким
¼ чаша сецкан кромид
½ чаша сос од домати
2 чаши пилешка супа

6a348079e1480e7f66860546a5dfdd80

Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина и додадете го во него оризот. Гответе мешајќи постојано, додека оризот почне да се надувува и потемнува. Додека оризот се пржи посолете и со ким.
Додајте го кромидот во тавата, претходно исечен на ситно. Пржете додека не омекне. Истурете сос од домати во тавата. Промешајте. Потоа истурете и супа. Повторно промешајте и оставете да зоврие.

Откако ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да покрчка околу 25 минути. Пробајте со вилушка дали оризот е подготвен. Подготвен е кога целата течност се апсорбирала и оризот ќе се згусне.

Служете како гарнир.