Пoтребни производи:
½ чаша маслиново масло
2 лажици соја сос
2 лажици оцет
½ лажичка сол
½ лажичка мелен црн пипер
2 модри патлиџани, сечени на парчиња
3 тиквички, сечени на кругови
2 зелени пиперки, исечени на половинки
3 моркови, сецкани на должина на половини
2 големи глави црвен кромид
Ккопар
Магдонос

Подготовка:
За да ја приготвите маринадата измешајте го маслиновото масло, соја сос, оцетот, солта, црниот пипер во голем сад. Измешајте ги добро.
Исечете го зеленчукот истевете го во маринадата за околу еден час, за да ги впие сите вкусови и мириси.
Загрејте ја решетката на средна температура. Подмачкајте со малку маслиново масло. Исцедете го зеленчукот од вишокот маринада и ставете на решетката. Печете на секоја страна за околу 10-15 минути или додека да се запече рамномерно.
Откако зеленчукот се испекол посипете со уште помалку од маринадата и промешајте. Служете како гарнир кон главно јадење.