Состојки:
300 г ракчиња
500 г брокула
2 моркови
3-4 лажици маслиново масло
сол
црн пипер
2 чешниња лук
по желба: лут сос
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло во длабока тава на средна температура. Во него сварете ги брокулите. По неколку минути додадете ги и морковите. Промешувајте постојано, за да не се залепат. Кога ќе омекне зеленчукот додајте и ракчиња. Мешајте повторно и истовремено додавајте и ситно истолчен лук. Зачинете со сол и бибер. По желба додадете и малку лут сос.