Состојки:
2 конзерви туна
10 големи варени и излупени компири
5 варени и исцедени моркова
црвена и зелена пиперка за декорација
грст зелени и грст црни маслинки
сол, црн пипер, кари, коријандер и ким за вкус
фолија
Подготовка :
Варените компири се прават пире со цврста конзистенција за месење и се става внимателно врз фолијата, потоа се става во средината по должина туна, 5 варени моркови, еден под друг, меѓу нив се врти од двете бои маслинки, се врти внимателно со помош на фолијата и одозгора се украсува со сечени маслинки во форма на цвеќиња и со парчиња од обоените пиперки, така што да стане многу убаво и пријатно не само на вкус, но и на изглед.
Зачинувањето на производите е по ваш вкус, пред да се замота ролатит. Задолжително се остава да отстои 3 часа во фрижидер за да се затегне пред да се принесе за да се импресионираат гостите.