[РЕЦЕПТ] Салата со паста туна и пченка

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Состојки:
400 г кратка паста
1 пакување мајонез
7-8 кисели краставички
3-4 конзерви туна во сопствен сос
1 мала конзерва пченка
1 глава црвен кромид
сол, црн пипер
сок од лимон
1 лута пиперка71856b3e4c078a6eed1cc21720abea64

Подготовка:
Сварете ја пастата според инструкциите на пакувањето. Откако ќе се свари, треба да ја исцедите и нежно да ја исплакнете со млака вода. Ставете во соодветен сад за салата.
Кон неа додадете исечени краставички, кромид, пченката, лута пиперка и мајонезот. Зачинете со сол, црн пипер и сок од лимон.