Состојки:
300 г пилешки гради
300 г кинеска зелка или марула
1 краставица, која може да ја замените со неколку кисели краставички
1 мала главица кромид
4 тврдо варени јајца
1 пакување мајонез
сол и бибер по вкус
свеж сок од лимон или оцет балсамико
Подготовка:
Пилешките гради се подготвуваат на скара-тава или во рерна. Заедно со останатиот зеленчук се сечат на мали парчиња. Се ставаат во сад, а кон нив се додаваат сол, црн пипер, мајонез и сок од лимон / оцет балсамико.