Потребни производи:
1 пакетче паста по избор
10 парчиња пушена сланина
1 чаша мајонез
3 лажици подготвен млечен прелив (опционално)
1 чешне лук, мелен
½ лажичка црн пипер
½ чаша млеко или течна павлака (по избор)
1 домат, сецкан
½ глава кромид, ситно
1 чаша црни маслинки, без семки
1 чаша рендано чедар сирење
Подготовка:
Загрејте вода во голем сад. Посолете ја и ставете ја пастата да се свари за околу 7-8 минути. Исцедете ја водата, откако е подготвена.
Испржете сланина во тава на средно висока температура, додека не добијат златна боја.
Во голем сад измешајте мајонез, дресинг, лук и црн пипер. Промешајте до добивање на хомогена смеса. Додадете млеко и повторно промешајте. Откако сосот е готов, додадете и сланина, домати, црни маслинки и сирење во садот. Измешајте ги добро производите за да се разнесе добро смесата насекаде.
Конечносдодадете ја и пастата кон целата смеса. Промешајте и оставете во фрижидер на 1 час пред сервирање.
Време за подготовка: 30-40 минути