[РЕЦЕПТ] Сладолед сендвич за вљубените

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Состојки:
2 и 3/4 чаша брашно
1/2 чаша природно какао
2 и 1/2 лажички прашок за пециво
малку сол
12 лажици мек путер
1 и 1/2 лажички ванилин екстракт
1 и 1/2 чаша шеќер (може и малку повеќе, ако не ви доволно благо)
2 големи јајца
2 лажици млеко
кутија сладолед по ваш избор6c1b3fc9df51094e104c49f9ab47137c

Подготовка:
Во сад наквасете го брашното заедно со шеќерот, солта, какаото и прашокот за пециво. Во друг сад со помош на миксер измешајте ги  добро млекото, маслото, ванилата и јајцата. Потоа постепено додадете ги кон нив сувите состојки.

Повторно измешајте со миксер, а потоа промешајте со шпатула до добивање на хомогено тесто (ако е потребно додадете уште млеко). Поделете го тестото на две топки, ставете ја секоја во чист сад и ставете врз нив домаќинска фолија. Тестото треба да се излади за околу еден час во ладилник. Потоа расукајте го врз набрашнета површина.

Со калапче исечете срциња. Ставете ги во тава, врз хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15-20 минути. За да направите изненадување, пред да послужите, врз една биксвитка ставете великодушно количество сладолед (кој не е сосема течен), а одозгора втор бисквит.

Фото и идеја: marthastewart