[РЕЦЕПТ] Свински црн дроб со зеленчук

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Состојки:
500 г свински црн дроб
50 мл маслиново масло
1/8 чаша свежо исцеден сок од лимон
½ лажичка црн пипер
½ лажичка сол
3 лажици сенф Дижон70969d34e005438886fcfa7ca2f0e023

Подготовка:
Измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, солта, пиперот и сенфот. Измешајте добро, за да се добие сос, во кој ќе се маринира црниот дроб.

Исечете го црниот дроб на парчиња. Ставете го во маринадата и оставете го да отстои под капак за околу 2 часа.

Исцедете го дробот. Наредете во намачкана тава и печете околу 20 минути на умерена температура. Потоа го превртувате и печете уште 15-тина минути.

Забелешка : Црниот дроб може да биде испечен и на скара, како и на ребреста тава. По желба гарнирајте со свеж зеленчук.