Состојки:
Спреј за готвење
500 г телешко месо исечено на стекови
250 г печурки, исечени на кришки
1 голема главица кромид, исечкана на тенко
¼ чаша оцет
1 чаша готов сос за маринирање
½ чаша рендано сино сирење
Подготовка:
Испрскајре ја тавата со масло. Загрејте на средна температура за околу една минута. Во тавата испржете го месото по неколку минути од секоја страна. Тргнете од огнот и истурете ја маста од тавата.
Намалете го шпоретот. Ставете ги печурките и кромидот во тавата и пржете околу 5 минути додека зеленчукот не омекне. Промешувајте постојано. Додадете го сосот за маринирање и оцетот во тавата. Оставете додека да зоврие. Вратете го месото во тава и мешајте. Конечно додадете го и сирењето. Кога ќе се стопи извадете од топлина и сервирајте топло.
Фото: istock