Потребни производи:
470 милилитри млеко
4-5 лажици течно чоколадо по ваш избор
неколку капки ванилина есенција
80 мл коњак
Подготовка:
Во тенџере ставете 120 мл од свежото млеко и течното чоколадо. Мешајте ја смесата на бавен оган, за да се стопи добро чоколадото. Потоа ставете ванила, останатото млеко и повторно промешајте додека не се добие хомогена смеса.
Тргенете го садот од топлина, ставете коњак и распоредете го топлото чоколадо во чаши. По желба украсете со шлаг и малку мелени ореви.