Тостовите со кашкавал се многу вкусни, се подготвуваат за не повеќе од 5 минути и сигурно ги заситуваат како гладот, така и сетилата.
Ќе ви бидат потребни:
2 парчиња леб
масло
Рендан кашкавал по избор (може да биде Чедар, обичен кашкавал или какво и да е сирење)
Начин на приготвување:
Изрендајте кашкавал. Загрејте тава на средно силен оган.

Намачкајте путер или маргарин од едната страна на двете парчиња.

Посипете со мала количина на едното од парчињата. Доволно е само да се покрие маслецот, за да се залепи за него.

На второто парче ставете значително повеќе и залепете едно парче врз друго и одозгора посипете уште малку кашкавал.

Ставете врз претходно загреаната тава и обрнувајте периодично за да не изгори само едната страна.

На овој начин ќе растопите кашкавал од внатрешната страна, а однадвор ќе добиете пријатен златен тен.

Извадете ги од тавата и оставете настрана да се изладат. По сечење ќе уживате во прекрасен тост со мек и растопен кашкавал внатре.
