Состојки:
5 парчиња леб
2 банани, се сечат на кругови
200 г тофу
5 лажици јаворов сируп
1 ванила
½ чаша бадемово млеко (може и соја)
2 лажици кокосово масло
100 г оревиcecbf7181164f1e6335e412b10919f6d

Подготовка:
Со мешалка или миксер измешајте една банана, тофу, ванила, бадемово млеко и јаворов сируп. Потопете го секое парче леб во смесата додека не се извалка добро од секаде. Пржете во однапред загреаното на средна температура кокосово масло. Готовите парчиња полијте ги со уште малку јаворов сируп и гарнирајте со исечената банана. Посипете со мелени ореви по избор.

Слични содржини