Состојки:
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
лажичка чубрица
црн пипер, сол
За фил:
7-8 свежи печурки печурки
50 г путер
80 г кашкавал
3-4 кисели краставички
Подготовка:
Кромидот се сече на ситно и заедно со црниот пипер, чубрицата и солта се замесуваат добро со меленото месо што треба да отстои околу еден час во фрижидер. Потоа повторно се премесува и од него се обликуваат ќофтиња.
Во секое едно се прави мала вдлабнатина во која се става фил од сецканите производи, заедно со мало парченце путер и потоа се покрива со мелено месо. Ќофтињата се печат на скара или на грил тава. Се сервира со гарнир по желба.